Sвездата на Англија вети: Ако го освоиме ЕП, првпат во животот ќе пијам пиво

Репрезентативецот на Англија и член на Арсенал, Деклајн Рајс, никогаш во животот нема пробано пиво. Често е цел на подбив поради тоа, но вели дека го мрази мирисот на пивото. Сепак, Рајс вели дека првпат во животот ќе се напие пиво ако Англија успее да дојде до трофејот од Европското првенство.

На минатото првенство Англија играше против Италија, а Рајс и тогаш имаше исто ветување, но Гордиот албион не дојде до трофејот, па фудбалерот на Арсенал го одложи првото пиење на пиво за некоја следна прилика, која може да биде веќе во недела.

- Оглас -

Најнови вести