Дури 35.000 навивачи на ЕП добиле обика за да направат реанимација ако некој биде во животно-загрозувачка ситуација

Повеќе од 35.000 навивачи кои беа дел од Европското првенство во Германија, пред еден месец поминале обука за кардио-пулмонална реанимација (CPR). Кампањата која беше под името „Тренирај и спаси живот“ имаше за цел дел од навивачите кои беа на трибините на стадионите, но и во фан зоните, да бидат подготвени, доколку е потребно да се даде помош на некој.

Оваа кампања беше мотивирана од тоа што се случи на претходното Европско првенство кога данскиот фудбалер Кристијан Ериксен за време на мечот доби срцев удар, но за среќа, со брза лекарска интервенција, неговиот живот беше спасен, па тој дури и се врати на теренот и повторно игра фудбал.

Освен навивачите кои се пријавиле да бидат дел од обуката, основните познавања за кардио-пулмонална реанимација ја поминаа и сите службени лица на мечевите, како и волонтерите на ЕП во Германија.

- Оглас -

Најнови вести