Шерингам: Шпанија е машина, но не е непобедлива

Легендарниот англиски напаѓач Теди Шерингам е оптимист во пресрет на финалето на Европското првенство каде Англија ќе се обиде да стигне до првата континентална титула. Шпанија е последната препрека за Гордиот Албион да испише историски успех. Шерингaм имаше пофални зборови за тактиката на селекторот Герет Саутгејт затоа што тоа носи резултати.

„Премногу се жестоки критиките кон Саутгејт. Тој има свој начин на работа и многу добро го спроведува. Точно е дека не видовме брз и атрактивен фудбал, но сметам дека игравме добро, посебно во првото полувреме против Холандија и тоа во моменти кога требаше да бркаме негатива“, вели Шерингам,

Некогашниот играч на Манчестер јунајтед признава дека Шпанија ја има фаворитската улога но верува дека Англија ќе биде европски првак.

„Шпаија сака постојано да напаѓа. Имаат брзи крила на двете страни, а тука е и Родри на халфовската позиција. Тие се како машини, но не се непобедливи. Очекувам Герет да им објасни на играчите дека ги очекува тежок меч, но треба да излезат на теренот и да победат. Ако анализирате, бековската линија на Шпанија не е многу доминантна и ние тоа треба да го искористиме. Треба да има постојан притисок од Белингам, Фоден, а и Кајл Вокер да се приклучи од крилната позиција. Треба да играме храбро и не смееме да дозволиме Шпанија да не притисне“, заклучи Шерингам.

- Оглас -

Најнови вести