Младата кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе дебакл на стартот на Европското првенство за играчи под 20 години што се одржува во Полска. Селекцијата на селекторот Боро Смилковски беше прегазена од фаворитот Шпанија со 55 поени разлика (93-38).
Шпанците уште на почетокот покажаа дека се доминантни и првиот период го добија со 21-9, а потоа притиснаа уште повеќе и втората четвртина ја победија со неверојатни 27-4.
Беше јасно дека Македонија нема што да бара на овој меч, па разликата во класа беше евидетна и во третиот период кој Шпанија го заокружи со нова предност (27-11).
На крајот, тотален дебакл, но тоа не треба да ги разочара младите македонски кошаркари со оглед дека Шпанија е еден од главните фаворити за златниот медал на Европското првенство.