Пред полн „Сантијаго Бернабеу“, тој извади дрес од Меси и го покажа на сите (Видео)

Иако во Шпанија сите се фокусирани на дуелот во Берлин каде нивата репрезентација ќе се бори за европската титула, вчера во Мадрид легендарниот „Сантијаго Бернабеу“ беше полн. На стадионот чиј дом е на Реал Мадрид, се одржуваше боксерски спектакл.

Една од пресметките беше меѓу двајца познати стримери во земјите каде преовладува шпанскиот јазик. Лаутаро дел Кампо, познат како Кобра, го победи Диего Инглесиас. По победата, Дел Кампо кој беше прогласен за најдобар спортски стример во 2022 година реши и јавно да покаже колку голем фан е на Лионел Меси.

Иако беше на стадионот на Реал Мадрид, популарниот Кобра, извади дресот на Барселона со бројот 10 на Меси и го покажа и тоа во ист стил како што легендарниот Аргентинец го направи пред неколку години кога даде гол на стадионот на Реал Мадрид.

Провоцираше Дел Кампо уште пред мечот, кога беше прашан дали му пречи тоа што ќе боксува на „Сантијаго Бернабеу“.

„Тоа дополнително ме мотивира. Мој идол е Меси и многу сакам да бидам во дворот на неговиот дом“, рече Дел Кампо.

Откако го подигна дресот на Меси, сите на стадионот останаа шокирани како тоа се осмели да го подигне дресот на еден од најомразените фудбалери во Мадрид.

И додека дресот на Меси се вееше во Мадрид, Аргентинецот е во САД каде е фокусиран на дуелот против Колумбија. Аргентина и Колумбија ноќеска ќе играат во финалето на Копа Америка.

 

- Оглас -

Најнови вести