Лина Ѓорческа го загуби финалето во Рим

Најдобрата тенисерка Лина Ѓорческа потклекна на последната пречка и не успеа да го освои фјучерс турнирот во Рим. Таа доживеа пораз во финалето од Оксана Селекметова со 0:2 во сетови (1:6, 6:7).

Во првиот сет Лина Ѓорческа не успеа да го фати вистинскиот ритам и успеа да освои само еден гем, но во вториот даде силен отпор.

Македонската тенисерка имаше неколку можности да го комплетира сетот, кој на крајот сепак отиде во тај-брејк. Во него, противничката беше подобра и го доби со 7:3 на поени, успевајќи да го освои трофејот.

 

- Оглас -

Најнови вести