Фудбалер во Бразил нокаутираше навивач, судијата гледаше ВАР па му даде црвен картон (Видео)

Хувентуд со 3:2 го победи Интернасионал во третото коло од бразилскиот куп, а покрај петте погодоци, мечот го одбележа и неден необичен инцидент.

Во 75 минута еден навивач втрча на теренот и се обиде да ги нападне играчите на Хувентуд, но наиде на отпор. Фубалерот Алан Рушел реши да му се спротистави и го нокаутираше непоканетиот гостин на теренот.

Фудбалерот со бокс во лицето го нокаутираше навивачот, а главниот судија Родриго Хосе Переира првично не го виде тој момент. По прегледување на ВАР снимката, фудбалерот на Хувентуд доби директен црвен картон поради нокаутот на навивачот.

Alan Ruschel expulso depois de cruzado em torcedor que invadiu o campo
byu/eusouavelocidade infutebol

- Оглас -

Најнови вести