Познати составите за финалето: Шпанија тргнува офанзивно, Англија претпазливо во борбата за трофејот (Фото)

Селекторите на Шпанија и Англија, Луис де ла Фуенте и Герет Саутгејт, ги објавија составите за големото финале на Европското првенство во Германија. Остануваат 90, можеби и 120 минути или пенали до одговорот на прашањето кој ќе биде новиот европски шампион, но според формацијата на почетните состави, Шпанија е биде таа која ќе нападне.

Де ла Фуенте тргнува со формација 4-2-3-1 со Алваро Мората како најистурен во нападот, но и со Нико Вилијамс, Дани Олмо и Ламине Јамал, убоитата тројка која ќе биде задолжена да го пронајде патот до мрежата на Пикфорд.

На спротивната страна, Герет Саутгејт тргнува претпазливо, со тројка во одбраната која ќе се трансформира во формација со пет фудбалери кога англичаните ќе се бранат. Сака и Шо ќе имаат и офанзивни и дефанзивни задачни по страчните позиции и освен што ќе треба да го хранат со топки Кејн, ќе треба да им помагаат на Вокер, Стоунс и Гехи во дефанзивата.

Финалето на Европското првенство се игра на Олимпискиот стадион во Берлин со почеток во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести