Ѓоковиќ најави: „Следна цел се трофеите од Олимпијадата и УС опен“

Новак Ѓоковиќ не успеа да дојде до својот 25-ти грен-слем трофеј и загуби во финалето на Вимблдон со максимални 3-0 од Карлос Алкарас. Србинот беше далеку од посакуваното и препознатливо ниво, но најави дека нема намера да се откаже и покрај бројните проблеми со повредите. Следната цел за Ѓоковиќ се трофеите од Олимпијадата во Париз и УС опен.

„Продолжувам понатаму, планирам да играм на Олимписките игри, се надевам дека ќе се борам за медал. Различна подлога, таму се повредив … Да видиме како ќе се чувствувам и физички и психички, се надевам дека ќе успеам да го пронајдам вистинскиот тенис во себе. Олимписките игри и УС опен се главните цели, се надевам дека ќе бидам на вистинското ниво на тие турнири. Пласманот во финалето на Вимблдон ми дава самодоверба. Синер и Алкас се убедливо најдобри оваа сезона, а јас не сум на тоа ниво. За да имам шанса да ги победам на ОИ и УС опен, ќе морам да играм многу подобро.“ вели Новак Ѓоковиќ за плановите за оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести