Украинската хероина испрати порака: „Не ми е јасно како им дозволуваат на руските спортисти да се натпреваруваат“

Украинската скокачка во вис, Јарослава Махучик, успеа да прескокне 210 сантиметри и да го сруши легендарниот светски рекорд на Стефка Костадинова од 1987-мата година. Сосема оправдано, украинката е главен фаворит и залтниот медал на Олимписките игри во Париз, местото каде и го сруши светскиот рекорд, но на митинг од Дијамантската лига.

На олимпијадата во Париз ќе учествуваат и некои од руските спортисти во поединечна конкуренција, но како независни спортисти, без никакви државни обележја и под олимпиското знаме.

„Олимписките игри се симболот на мирот. Но за каков мир зборуваме ако Русија ја нападне мојата земја сред Европа? Тоа е лудо. Кога ги гледам руските спортисти, го замислувам секој град, секоја уништена зграда, секоја одземен живот од страна на Русија.“ – вели Махучик.

Таа јасно кажа дека е против било какво учество на руските спортисти, а за нејните успеси се заблагодари на поддршката која таа и нејзината земја ја добиваат од остатокот на светот.

- Оглас -

Најнови вести