Репрезентацијата на Шпанија имаше почеток од соништата на второто полувреме на големото финале против Англија на Европското првенство. Само 70 секунди им беа потребни на шпанците да го направат тоа што не успеаја во текот на целото прво полувреме – да постигнат погодок!
Одлична акција која започна од Карвахал, прием на Јамал, кој асистира до Нико Вилијамс, а овој ладнокрвно во стил на расен стрелец го пронаоѓа патот до мрежата на Пикфорд.