Еден сантиметар беше одлучувачки за Шпанија да е европски првак (Видео)

Голот на Микел Ојарзабал во 86 минута беше клучен за Шпанија да стигне до четвртата европска титула. Напаѓачот на Реал Сосиедад во игра влезе во 68 минута и неполни 20 минути подоцна одлично се снајде и го матираше англискиот голман Пикфорд за водство на Црвената фурија од 2:1.

Тој гол на Ојарзабал беше милиметарски точен, не поради шутот за погодок, туку поради моментот стрелецот да втрча во противничкиот шеснаесетник. ВАР системот покажа дека Ојарзабал само за еден сантиметар беше зад противничкиот играч.

 

- Оглас -

Најнови вести