Аргентина ја освои Копа Америка, повредениот Меси плачеше на клупата, а финалето доцнеше поради инциденти (Видео)

Селекцијата на Аргентина по шеснаесетти пат во историјата го освои трофејот на Копа Америка откако по продолженија во финалето во Мајами ја победи Колумбија со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Лаутаро Мартинес во 112-тата минута од дуелот.

Со овој успех Аргентинците станаа најтрофејни на континентот, сега имаат една титула повеќе од Уругвај. Мечот изобилуваше со груби стартови, а Лионел Меси поради повреда побара замена во второто полувреме и заплака на клупата за резерви.

Стартот на финалето доцнеше повеќе од еден час поради големи пропусти во организацијата, навивачко стампедо и драматични сцени на трибините, но и надвор од стадионот.

Во 66-тата минута Лео Меси побара замена и заплака на клупата откако беше јасно дека не може да продолжи поради повреда на глуждот на ногата. Колумбијците го тероризираа со жестоки стартови, а на негово место во игра влезе Нико Гонзалес.

Моментот на одлука се случи при крајот од продолженијата. Лаутаро Мартинес им побегна на дефанзивците и успеа да го совлада колумбискиот голман Варгас во 112-тата минута. Со тоа, на најдобар начин и Анхел ди Марија се прости од дресот на Аргентина – со уште една титула.

Тоа што требаше да биде спектакл во Мајами, со мини-концерт го разубави Шакира на полувремето од натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести