Аргентина ја освои Копа Америка. Во финалето, по продолженија, ја победи Колумбија со 1-0, а единствениот гол го постигна Лаутаро Мартинес во 112-тата минута.
Меѓутоа, најемотивниот момент на турнирот беше поврзан со Лионел Меси.
That should probably be elevated. Hard to see Messi cry pic.twitter.com/lkaT8VI0Ev
— Chase Daniel (@ChaseDaniel) July 15, 2024
Аргентинската легенда мораше да го напушти натпреварот во 66-тата минута поради повреда на глуждот, а камерите го фатија како на клупата незапирливо плаче.
Messi crying !💔💔💔💔💔 pic.twitter.com/E4udPN8pyz
— Messi Media (@LeoMessiMedia) July 15, 2024
За среќа на Меси, Аргентина успеа да ја надмудри Колумбија и без него, освојувајќи го вториот последователен трофеј на Копа Америка и шеснаесетти вкупно во историјата на ова натпреварување.
По натпреварот, Меси како капитен го подигна трофејот, што беше негов 45-ти во кариерата, со што го зацврсти својот статус како апсолутен рекордер во историјата на фудбалот.