ЖФК Љуботен со српски тренер во поход на ЛШ и трофеите на домашната сцена

Шампионот на Македонија во женски фудбал, тетовскиот Љуботен, и официјално означи старт на подготовките за новата сезона, во која ги очекува настап во квалификациите на Лигата на шампионите, но и одбрана на двојната круна на домашна сцена.

Раководството на клубот ангажира нов шеф на стручниот штаб, кој доаѓа од Србија, а се работи за искусниот Славољуб Бранковиќ, кој има работено во многу клубови кај нашиот северен сосед, но и во женските репрезентации на Србија. Со Бранковиќ во Љуботен пристигнаа и помошник-тренерот Бојан Стаменковиќ, како и кондициониот тренер Душица Топиќ, додека дел од стручниот штаб остануваат Филип Аризанковски и тренерот на голманите, Александар Михајловски.

Љуботен веќе се екипира за следните предизвици, па ангажирани се три странски фудбалерки, како и неколку домашни засилувања. Од клубот најавуваат уште две интернационалки за да се исполни квотата од пет странски фудбалерки, но и репрезентативки на Македонија кои следната сезона треба да помогнат во остварување на амбициите на клубот.

- Оглас -

Најнови вести