Тенхичката комисија на УЕФА го одреди идеалниот тим на Европското првенство во фудбал кое се играше во Германија и заврши во неделата.
Како и секогаш, и овојпат никој нема да се согласи дека ова се најдобрите 11-мина, очигледно е дека се правеле разни компромиси.
Според УЕФА, најдобар голман на ЕП бил Французинот Маик Мењан. На позицијата десен бек ставен е Кајл Вокер како единствен Англичанец во идеалниот тим. Лев бек е Марк Кукурелја, еден од шесте Шпанци во овој состав во формација 4-3-3.
Французинот Вилијам Салиба и Швајцарецот Мануел Аканџи биле најдобри централни дефанзивци.
Средниот ред е составен од Шпанците Родри, Фабијан Руис и Дани Олмо.
Најдобри напаѓачи биле шпанските крила Ламин Јамал и Нико Вилијамс, со Џамал Мусијала како „деветка“ во шпицот.