Американската кошарка е во тага, на 69-годишна возраст од срцев удар почина некогашниот кошаркар Џо „Џелибин“ Брајант, инаку татко на покојната НБА суперѕвезда Коби Брајант, кој трагично загина во јануари 2020.
Џо Брајант беше 14-ти пик на драфтот во 1975 година, а во НБА првпат заигра за Филаделфија, затоа и Коби беше роден во тој град. Осум сезони играше во НБА, а потоа популарниот „Џелибин“ со години настапуваше за италијански клубови.
По 23 години играње, почна тренерска кариера, во која врв му беше водењето на ВНБА-тимот Лос Анџелес спаркс.