Белингам му се развикал на Саутгејт во текот на финалето: „Промени нешто, направи нешто“ (Видео)

Шпанија ја победи Англија со 2:1 и на тој начин ѝ нанесе втор последовен пораз во финалињата на Европското првенство. Пред селекторот на Англија, Герет Саутгејт, да поднесе оставка, новинарот на „ЕСПН“, Марк Огден, изјави дека во текот на финалето му се развикал на Џуд Белингам, ѕвездата на репрезентацијата.

Белингам на крајот на натпреварот беше бесен и силно удри со нога во преносниот ладилник. Покрај тоа, Огден откри дека офанзивниот играч од средината бил лут и на почетокот на второто полувреме, откако Нико Вилијамс ги доведе Шпанците во водство со 1:0, односно пред Хари Кејн да биде заменет во 61-вата минута.

„Џуд беше фрустриран. Не знам дали камерата го сними тоа, но пред Кејн да биде заменет, Белингам ги загуби нервите и почна да му вика на Саутгејт: ‘Промени нешто, направи нешто.’ И потоа Кејн беше заменет“, изјави Марк Огден, кој смета дека Кејн, капитенот на Англија, не беше доволно добар за време на Европското првенство, на кое постигна три гола.

Според англиските медиуми, главен кандидат за репрезентативната клупа е Греам Потер (49). Се споменуваат и Еди Хау (46), Маурисио Покетино (52) и Ли Карсли (50), па дури и Сарина Вигман, селекторката на женската англиска репрезентација.

 

- Оглас -

Најнови вести