Меси ќе паузира најмалку еден месец по повредата во финалето на Копа Америка

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси ќе паузира од терените најмалку еден месец по повредата што ја доби во финалето на Копа Америка против Колумбија. Тој мораше да ја напушти играта по еден час од мечот, откако се здоби со повреда на глуждот.

Отокот на повредениот зглоб беше јасно видлив и веднаш, во текот на натпреварот, а деталните лекарски прегледи покажаа дека Меси ќе мора да одмори одреден период.

„По деталните прегледи беше утврдено дека Лео Меси ги има повредено лигаментите на глуждот на десната нога. Кога тој ќе може повторно да игра, ќе зависи од брзината на рехабилитацијата од повредата“, се вели во соопштението на Интер Мајами.

Првично се претпоставуваше дека Меси ќе пропушти два натпревари за Интер Мајами во МЛС-лигата, против Торонто и против Чикаго, но очигледно дека паузата ќе биде подолга.

- Оглас -

Најнови вести