Историја во МЛС-лигата: Потпиша за Сити, па со 14 години дебитираше за сениорската екипа (Видео)

Каван Саливен само со 14 години и 293 дена стана најмладиот дебитант во историјата на американската МЛС-лига. Фудбалерот кој неодамна потпиша договор со Манчестер сити и кога ќе наполни 18 години ќе се пресели во редовите на Граѓаните, синоќа дебитираше за сениорската екипа на Филаделфија.

Тој доби пет минути во победата од 5-1 над Њу Ингланд, меч на кој последниот гол беше дело на неговиот повозрасен брат, Кин.

Саливен со ова го сруши досегашниот рекорд на Фреди Ад, бидејќи е помлад само за 13 дена. Каван веќе одигра 10 натпревари во развојната лига за Филаделфија, но сега конечно неговиот раскошен талент можеше да се види и во најквалитетната фудбалска лига во САД.

- Оглас -

Најнови вести