Мајката на Роналдо со потресна исповед: „Не сакав да го родам, требаше да абортирам“

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо сака да игра за Португалија и на Светското првенство 2026 година. Тоа ја зголеми неговата и така голема популарност во Америка, каде што сега е актуелен долгометражниот документарен филм „Роналдо“ на британскиот режисер Ентони Вонке, кој првпат се појави во 2015 година.

За љубителите на пикантните детали можеби најинтересниот податок од филмот е откритието на мајката на Роналдо, Долорес Авеиро.

„Не сакав да го родам Роналдо. Веќе имав три деца, со мажот не се согласував поради неговата склоност кон алкохолот, но ‘Бог сакаше поинаку’ и денес сум горда мајка. Сè што имам му должам на Кристијано“, вели Долорес во филмот.

Роналдо вели дека ја прифатил идејата за снимање на филмот бидејќи сакал светот навистина да го запознае, да види каков е надвор од теренот. Филмот биографски ги следи сите фази од неговата кариера, со коментари од самиот Роналдо, кој открива дека за него „најважно е да се победи“.

Признава дека е лут кога губи, дека понекогаш „не знае да губи“ и дека „прави работи за кои подоцна се кае“, но сето тоа го припишува на својот темперамент. Исто така, откри дека свирежите го мотивираат.

„Не ми се потребни оние кои ме мразат, но на некој начин ми се потребни оние кои се против мене. Тоа ми дава дополнителна сила да успеам. Во мојата глава јас сум најдобриот и тоа секогаш ќе биде така“, вели Роналдо.

Режисерот Ентони Вонке, добитник на многу награди, рече дека филмот бил снимен во најголема тајност бидејќи поради огромната популарност на Роналдо, поинаку не би било возможно. Истакна дека Роналдо максимално соработувал, додавајќи дека „го сака камерата“ и дека ако не беше фудбалер, можел да биде добар актер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести