Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од една позиција на најновото издание на ФИФА-листата. Нашиот национален тим сега се наоѓа на 72-рата позиција на светскиот ранкинг.
Падот се должи на напредокот од четири позиции на селекцијата на Грузија, која се најде на 70-тото место откако имаше одлично претставување на ЕВРО 2024.
На првото место и понатаму е светскиот првак Аргентина, пред Франција, а на третата позиција сега е новиот европски шампион Шпанија, кој напредуваше за пет позиции. Потоа следува финалистот Англија, додека на петтото место падна селекцијата на Бразил.
Во Топ 10 се уште и Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.