РК Вардар ќе доведе португалски голман на местото на Мартин Томовски

Ракометниот клуб Вардар ќе доведе голман од Португалија. По заминувањето на Мартин Томовски, еден од приритетите на вардарци беше да ангажираат нов голман, а изборот падна португалскиот чувар на мрежата Мигуел Еспиња Фереира.

Фереира е триесетгодишен голман кој потекнува од Бенфика, а минатата сезона бранеше за шпанскиот тим Балонмано Куенка со кој настапуваше во Европската лига.

Еспиња е и повремен португалски репрезентативец.

РК Вардар ги почна подготовките за новата сезона во која ќе настапува и во групите од Европската лига.

 

- Оглас -

Најнови вести