Младите македонски ракометари го забележаа првиот пораз на Европското првенство за селекции до 20 години. Франција славеше против македонскиот национален тим со 25-18 освојувајќи го првото место во групата во разигрувањето за пласман од деветтата до 16-тата позиција.
Македонските ракометари се држеа добро во првите дваесетина минути и имаа водство, но Франција со подобар финиш на одмор замина со два гола предност (12-10).
Клучната разлика Французите ја направија на почетокот на второто полувреме и по десетина минути обезбедија пет гола предност (18-13).
Дамјан Митев беше избран за МВП играч од македонскиот тим на овој натпревар. Митев, Белистојановски, Стојановски и Калајџиески постигнаа по три гола за Македонија.