Новиот прв капитен на Реал Мадрид, Лука Модриќ, го коментираше трансферот на напаѓачот Килијан Мбапе, кој претходно го пофали 38-годишниот Хрват и додаде дека не ни помислил да го побара дресот со бројот 10 што го има Лука.
„Ги ценам убавите зборови на Мбапе. Мило ми е што конечно пристигна во Реал Мадрид. Мбапе е еден од најдобрите на светот, го докажа тоа сите овие години. Килијан е играчот кој освои Светско првенство, за жал, против мене, но многу сум среќен што го имам до мене. Сите ќе му помогнеме за да се адаптира, да го покаже својот талент и да го достигне максимумот“, изјави Модриќ, кој има шанса во претстојната сезона да стане најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид.