Двократниот европски првак Вардар, во новата сезона на европска сцена ќе биде дел од Лигата на Европа. Денеска беше направена ждрепката за групната фаза, а вардарци немаа многу среќа.
Црвено-црните“ ќе бидат во групата Ф, а ривали ќе им бидат португалскиот вицепрвак Порто, победникот од дуелот меѓу германскиот Мелсунген и норвешкиот Елверум, како и победникот од двобојот меѓу исландскиот Валур и хрватската Спачва Винковци.
Пласман во следната рунда ќе обезбедат само двете најдобро пласирани од групата.