Турскиот новинар, Јакуп Чинар, тврди дека Лука Модриќ бил на прагот да потпише за Галатасарај, но трансферот во последен момент пропаднал, па хрватот го продолжи договорот со Реал Мадрид.
Според него, менаџерската екипа на Лука Модриќ се договорила со раководството на турскиот гигант, договорот бил ставен на маса, но тренерот на Галатасарај не го сакал хрватот во својата екипа, бидејќи му било потребно некој помлад и поподготвен.
Некое од навивачите на Галатасарај се разочарани од ваквиот развој на настаните, но некои едноставно не му веруваат на Чинар и велат дека тој фантазира.
Лука Модриќ неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона, иако имаше понуди од Динамо Загреб, САД и Саудиска Арабија, а никаде не се споменуваше екипата на Галатасарај.