Голем скандал се случи на прославата на репрезентацијата на Аргентина, кога наместо да го слават трофејот, упатија провокации кон црномурестите фудбалери кои настапуваат за Франција, а посебно кон Килијан Мбапе.
Репрезентативецот на Аргентина, Родриго де Пол, вели дека Лионел Меси ги предупредил дека не треба да провоцираат, но и ја откри причината за гневот во аргентинскиот табор.
„Откако заврши натпреварот, Меси дојде и ни рече: ‘Не провоцирајте никого, одиме да славиме и да уживаме во нашата победа’. Секогаш наоѓаат да зборуваат нешто против победникот. Или сме имале помош, или сме провоцирале некого. Дури говорат дека сме играле против слаби екипи, па потоа дека не сме на нивото од Европското првенство. Се што се зборува допира до нас, сакаат да го намалат нашиот успех, но и тоа не е во ред.“ – рече Родриго де Пол.