Ерик Ламела ја крена на нозе Атина, дојде да потпише договор со АЕК (Видео)

Аргентинскиот интернационалец Ерик Ламела ја „збудале“ Атина откако пристигна во грчката престолнина да потпише договор со АЕК. Огромен број фанови го пречекаа поранешниот фудбалер на Рома, Тотенхем и на Севилја на аеродромот правејќи еуфорија со факели и навивачки песни.

Ламела доаѓа како слободен агент откако му истече договорот со Севилја и во клубот пристигнува на покана на неговиот сонародник и пријател Матијас Алмеида, кој е тренер на АЕК Атина.

Грчкиот клуб ќе го урне рекордот и на Аргентинецот ќе му исплаќа 2,5 милиони евра по сезона, што е најголем договор во историјата на АЕК.

- Оглас -

Најнови вести