Крос за раката на Кукуреља: „До денес се воздржував, но …“

Дуелот против Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство беше последен во кариерата за Тони Крос. Домаќинот Германија беше елиминиран од идниот европски шампион, но реакциите не стивнуваат за спорната ситуција од 106-тата минута, кога Кукуреља играше со рака во шеснаесетникот, не запираат.

Токму Тони Крос првпат проговир на оваа тема, а вели дека за време на мечот воопшто не бил свесен што се случило.

„Се воздржував се до денес. Дури во последната емисија реков дека нема да зборувам за тоа. Многу се вознемирив кога после натпреварот видов на снимката што се случило. Во тој момент не бев толку лут на судијата, бидејќи не можев да проценам. Тој дури мислеше дека не треба да гледа ВАР за да види што се случило или барем ВАР судијата така мислем, па така му беше пренесено.“ – вели Тони Крос.

- Оглас -

Најнови вести