Фудбалерите на Вардар ја забележаа и втората победа на подготовките во Словенија, откако со 3-1 го совладаа составот на Чарда Мартјанци. Победата за „црвено-црните“ ја донесе новото засилување, Горан Закариќ, кој беше стрелец на сите три погодоци.
Закариќ со тоа покажа дека ќе биде големо засилување за составот на Горазд Михаилов, кој со големи амбиции влегува во новото првенство. Претходно, Вардар ја совлада Мура со 2-0, додека беше поразен од Бистрица со 0-1.
Следниот контролен дуел за „црвено-црните“ ќе биде против Динамо Загреб на „Максимир“ во вторник, додека последниот дуел од подготовките ќе биде против Свонси во Австрија на 27-ми месецов.