Екипата на Манчестер јунајтед ја забележа првата победа во подготвителниот период за новата сезона, откако во Единбург го победи Глазгов Ренџерс со 2-0. Избраниците на Ерик тен Хаг победија со головите на Амад Диало и Џо Хагил.
На големо изненадување на навивачите, во првата постава на „црвените ѓаволи“ се најде и Џејдон Санчо, фудбалерот кој беше отпишан од Тен Хаг и испратен на позајмица на Борусија Дортмунд, но после враќањето се покажа дека се точни информациите дека фудбалерот и тренерот се помириле и тој ќе биде еден од главните играчи на екипата во следната сезона.
За екипата на Манчестер јунајтед сега следува турнејата во САД, каде ги очекуваат натпревари против Арсенал, Бетис и Ливерпул.