Младинската ракометна репрезентација со дуел за пласман на деветтата позиција го завршува настапот на Европското првенство во Словенија. Нашите младинци имаат ефект од четири победи, две нерешени средби и само еден пораз, и тоа од нашиот денешен противник, селекцијата на Франција.
Французите и денес се фаворити за победата со квота од 1.23, но затоа доколку се одигра патриотски, квотата за победа на Македонија е фантастична, 5.40. Македонија ја има најдобрата одбрана на првенството, па секако дека на Франција нема да ѝ биде лесно да дојде до победата.
За нашите младинци ова е последниот натпревар на Европското првенство, но не и последен за оваа генерација, која со одличните игри на континенталниот собир, успеа да обезбеди пласман и на Светското првенство, кое следното лето ќе се одигра во Полска.