Скандалозна кореографија во Полска: „Бегалците се добредојдени“

Стартот на првенството на Полска го одбележа победата на Легија Варшава над Заглебје од 2-0 на домашен терен и овој натпревар беше во центарот на вниманието на полската јавност, но и домашните навивачите кои испратија јасна порака до тамошните власти.

Пред почетокот на натпреварот на трибината се појави транспарент на кој пишуваше „бегалците се добредојдени“, со фотографија до девојка која држи прасе, но и двајца момци со бејзбол палка и чекан во рака.

Според полските медиуми ова е порака до полските власти, кои сакаат да примаат бегалци од Блискиот исток и земјите од Африка на својата територија, а порака на транспарентот е јасна.

- Оглас -

Најнови вести