Откриена тајна: Гвардиола не го сакал Меси во Манчестер сити!

Странските медиуми пишуваат дека е откриена најголемата тајна на Лионел Меси, а тоа е дека најтрофејниот фудбалер на сите времиња имал средба со својот поранешен тренер Пеп Гвардиола, од кого побарал да му среди трансфер во Манчестер Сити!

Таа бомба никогаш не пукна затоа што Гвардиола му ја „треснал вратата“ на Лео, со порака дека Премиер лигата за него е преголем предизвик!

Во биографската книга за Гвардиола, „Господе чувај го Пеп“, авторот Марти Перарнау, тврди дека на состанокот одржан во домот на Гвардиола во Барселона, Пеп му сугерирал на Лео дека Манчестер Сити можеби е преголем предизвик за тогашниот 33-годишен Меси. Аргентинецот не се согласил со тоа и прешол во Париз.

Има многу фанови на Меси кои не веруваат во ова, затоа што во книгата стои дека состанокот бил во 2020 година, а Меси си замина од Барса во 2021 кога прејде во Пари Сен Жермен. Тоа лето, во 2021, Манчестер сити потроши многу пари за Џек Грилиш, и можеби премногу ќе беше да го донесеа и Меси.

Постои опција навистина да имале разговор во 2020, бидејќи и Меси самиот призна дека тоа лето сакал да си оди од Барса, и веројатно мислел дека Сити му е добра опција за освојување на Лигата на шампионите. Но, Каталонците тоа лето не му дозволија на Меси да си оди, а го примораа да замине една година подоцна, против негова волја.

Опцијата да прејде во Сити исчезна во 2020, па во 2021 кога мораше да си оди од Барселона, единствена варијанта му остана ПСЖ, единствениот кој имаше пари да си дозволи да го земе Меси.

- Оглас -

Најнови вести