Вистинска реткост се победите на Македонија над Франција во било кој спорт и било која возрасна категорија, затоа триумфот на младите македонски ракометари над У-20 селекцијата на Галските петли, е посебна.
Победата од 30-29 донесе деветто место за Македонија на ЕП во Словенија, нашите момци на цело првенство загубија само еднаш, и тоа баш од Франција, која пред три дена славеше со 25-18.
Денеска дојде реваншот, Македонија победи со еден гол разлика. На Французите им беше подарен пенал во последната секунда, но Галевски одбрани седмерец, и почна големото славје на играчите заедно со малата, но гласна група навивачи на трибините во салата во Целје.