Maкедонскиот фудбалски интернационалец Сефер Емини потпиша нов договор со Сондерјиске од Данска. Тој ќе остане во клубот до 2027 година
Тимот на Емини во новата сезона ќе игра во Суперлигата на Данска.
„Среќен сум за продолжувањето на договорот со Сондерјиске. Имаме одлична атмосфера и тоа е една од главните причини за потписот. Со нетрпение чекам да играм и во Суперлигата со Сондерјиске. Сакам да се заблагодарам и на навивачите за поддршката која ја добиваме“, изјави Емини.
Емини досега одигра 57 натпревари за Сондерјиске на кои постигна десет гола. Во овој клуб настапува и поранешниот младински репрезентативец Иван Николов.