Може ли Барселона да го доведе Н’Голо Канте?

Каталонскиот гигант Барселона покажува интерес за Н’Голо Канте. Францускиот репрезентативец покрај тоа што има 32 години и настапува во Саудиска Арабија, на Европското првенство покажа дека сѐ уште е еден од најдобрите на својата позиција во средниот ред, па Ханси Флик би сакал да го има во редовите на Барса.

За Канте интерес појави и англискиот премиерлигаш Вест Хем кој изминатите денови понудил 25 милиони евра на Ал-Итихад, но клубот од Џеда не сака да се откаже од Французинот и понудата беше одбиена.

Играчот исто така изјави дека е среќен во Саудиска Арабија и не размислува за заминување, но, сепак, повикот од Барселона не може да се спореди со тој што го упати Вест Хем.

Барселона се обидува да го доведе Н’Голо Канте на позајмица, бидејќи е сериозно ограничена поради финансискиот фер-плеј и прва цел сепак им е Нико Вилијамс за кој планираат да потрошат околу 60.000.000 евра.

Но, Ал-Итихад не е премногу заинтересиран за оваа опција, па трансферот е малку веројатен освен ако самиот Н’Голо Канте не стане агресивен во намерата да замине во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести