Шпанскиот фудбалски ветеран Хуан Мата (36) во моментов е без клуб. Со Црвената фуријата во 2010 година беше светски шампион и ја освои Лигата на шампионите со Челзи во 2012 година.
Сега тој тренира со данскиот прволигаш Нордсјеланд, заедно со поранешниот соиграч од Лондон, Микаел Есиен, кој работи како еден од помошниците во стручниот штаб. Можно е да биде регистриран и во иднина да настапува за овој клуб.
Мата во февруари ја заврши соработката со јапонскиот Кобе. Потекнува од Овиедо и играше за младинските категории на Реал. Потоа со своите настапи во Валенсија се проби и играше за Челзи, Манчестер јунајтед и Галатасарај.