Голем ден за словенечкиот спорт: Тадеј Погачар ја освои Тур де Франс и испиша историја во велосипедизмот

Голем ден за словенечкиот спорт. Феноменалниот Тадеј Погачар е освојувач на „Тур де Франс“ за 2024 година, најпопуларната светска велосипедска трка.

Денес беше возена последната етапа од 33 километри од Монако до Ница, која беше завршен хронометар.

Погачар го заврши денешниот хронометар како победник со време од 45:24 минути и на шампионски начин ја освои Тур де Франс.

Во вкупниот поредок, Тадеј Погачар го заврши годинашниот Тур де Франс со повеќе од шест минути предност пред Јонас Вингегард од Данска. За Погачар ова е трет Тур де Франс во кариерата.

Тадеј Погачар денес во Франција испиша историја во велосипедизмот. Стана првиот велосипедист во 21 век кој во истата година ги освоил двете најголеми трки.

Се разбира, прво доминираше на Џиро д’Италија, а сега тоа го повтори и на Тур де Франс.

Последниот кој го постигнал тоа беше Италијанецот Марко Пантани во 1998 година, а освен него, тоа го направиле уште седум велосипедисти.

Годинашниот Тур де Франс го одбележа и Марк Кавендиш, кој ја возеше последната Тур де Франс во својата богата кариера.

- Оглас -

Најнови вести