Навивачите предизвикаа хаос и го прекинаа натпреварот поради ВАР-системот (Фото)

Натпреварот од норвешкото првенство помеѓу екипите на Розенборг и Лилестром не го дочека својот крај откако беше прекинат во 30-тата минута при резултат 0-0. Навивачите од трибините започнаа да фрлаат тениски топчиња, но и храна за риби. Намерата не беше да се повреди некој, туку едноставно да се прекине мечот во знак на протест против ВАР-системот, кој во Норвешка беше воведен минатата сезона.

https://twitter.com/Ohpebbles/status/1815084830066941970?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1815084830066941970%7Ctwgr%5E0365574b95de06a9fc68978e862cac17d8900850%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Frosenborg-lillestrom-prekid-navijaci-var%2F478539

Веднаш започнаа протестите, а транспаренти против ВАР-системот може да се видат речиси на сите натпревари од првенството на Норвешка. „ВАР-от ја убива фудбалската страст“ и „Не знаеме што и како се гледа во ВАР-собата, се е тоа лага“, се само дел од транспарентите кои синоќа се појавија на стадионот во Трондхајм.

- Оглас -

Најнови вести