Екипата на Струга остана единствениот претставник на Македонија во европските фудбалски купови. Актуелниот шампион на Македонија по елиминацијата од Лигата на шампионите, продолжува во Конференциската лига. Во второто коло за противник го има ерменскиот Пјуник, а денес ќе биде извршена ждрепката и за третото квалификациско коло.
УЕФА веќе ги објави можните противници на Струга, а тоа се победниците од натпреварите: Динамо Батуми – Дечич, Диферданж – Ордабаши, Викингур – Егнатија, како и екипата на Ларн од Северна Ирска.
Ждрепката за третото коло е денес во 14 часот.