Македонскиот фудбалски првак Струга Трим Лум доколку успее да го елиминира ерменскиот Пјуник во второто коло од квалификациите за Конференциската лига, денеска дозна против кого би играла во третото квалификациско коло.
Можни ривали на стружани се клубовите Диферданж од Луксембург и Ордабаси од Казахстан, а подобриот од тој дуел ќе игра со поуспешниот од Струга и Пјуник. Првиот меч би се играл на гости во Луксембург или Казахстан.