На олимпискиот турнир во тенис можно е во првото коло да има дуел Ѓоковиќ-Надал!

Јаник Синер ќе биде прв, а Новак Ѓоковиќ втор носител на олимпискиот турнир во тенис за мажи кој ќе се игра од 27 јули до 4 август на терените на „Ролан Гарос“ во Париз.

Ждрепката ќе се одржи в четврток во 11 часот и сите 64-рица тенисери кои ќе учествуваат ќе ја чекаат со големо нетрпение.

Она што постои како можност е Синер, Ѓоковиќ или Карлос Алкарас да играат против Рафаел Надал веќе во првото коло. Надал е тениски „крал на париската земја“, има неверојатни 14 титули на „Ролан Гарос“, но Рафа веќе не е оној стариот и тешко дека може да стигне далеку. Сепак, никој не би сакал да се сретне против него на стартот.

Надал во моментов има слаб пласман на АТП-листата и во Париз ќе игра со вајлд-карта, па затоа е потенцијална „мина“ во првото коло.

Според квотите во Sport Life, прв фаворит за олимпиското злато е Шпанецот Карлос Алкарас, кој е трети носител. Ждрепката ќе каже дали Алкарас во евентуалното полуфинале би играл со Ѓоковиќ или Синер. Ако го избегне Алкарас, Ѓоковиќ може да има полуфинале со Александар Зверев, од кого токму во полуфиналето загуби на претходните ЛОИ во Токио.

- Оглас -

Најнови вести