Данел Донгмо и официјално е нов фудбалер на ФК Вардар, а има најави дека Камерунецот ќе биде и последната принова за Црвено-црните летово.
Донгмо е играч кој настапува како последен играч за врска во средниот ред, има 23 години и доаѓа од вториот тим на француска Троа. Досега имал 56 настапи за вториот тим, кој минатата сезона испадна од четврта лига, и два настапи за првиот тим, кој е дел од најсилната лига на Франција.
Настапувал и за репрезентацијата на Камерун за играчи до 23 години.