Иван Ракитиќ вчера беше претставен пред илјадници фанови како нов играч на сплитскиот Хајдук, а по повод трансферот на Хрватот со коментар на социјалните мрежи се огласи и легендарниот пензиониран англиски стопер, сега ценет ТВ-аналитичар и експерт, Рио Фердинанд.
„Морам да дојдам на натпревар. Вака изгледа херојски дочек брате“, напиша Фердинанд под една од објавите на Ракитиќ и доби огромен број лајкови.