Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар нема да учествува на Олимписките игри во Париз. Тој поради преголем замор го откажа настапот, објави словенечката новинска агенција (СТА).
Селекторот на словенечката машка велосипедска репрезентација, Урош Мурн, ги објави имињата на велосипедистите кои ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Париз. Меѓу нив нема да биде Тадеј Погачар, кој поради замор го откажа учеството. Неговото место ќе го заземе неговиот репрезентативен колега Домен Новак, соопшти раководството на словенечката репрезентација.
Погачар вчера го комплетира триумфот на Тур де Франс, третпат во кариерата по 2020 и 2021 година. Тој испиша историја како еден само од осумте велосипедисти во историјата кој во една година победил на Џиро д’Италија и на Тур де Франс.