Напаѓачот на македонскиот прволигаш Воска Спорт, Алекса Марушиќ, потпиша со германскиот второлигаш Магдебург. Неофицијално, Воска ќе добие отштета од 400.000 евра, а Црногорецот Марушиќ одлични услови за напредок во кариерата.
„Воска спорт му се заблагодарува на Алекса Марушиќ за неговиот голем придонес во нашиот тим, посакувајќи му успех во понатамошната кариера во Германија“, стои во соопштението од Воска.
Алекса Марушиќ дојде во Воска минатата сезона и беше најдобар стрелец во Првата фудбалска лига на Македонија, постигнувајќи 17 гола и три асистенции.