Србите блескаа со Грција, Американците не беа импресивни, а ќе играат меѓу себе на стартот на ЛОИ

Кошаркарската репрезентација на Србија во голем стил оди на Олимписките игри во Париз. Селекција на Светислав Пешиќ вечерва во последниот подготвителен натпревар во полната „Арена“ ја победи Грција со убедливи 94-72.

Најдобри во тимот на Србија беа капитенот Богдан Богдановиќ со 19 поени и Никола Јокиќ, кој постигна три поени помалку, додека Филип Петрушев го заврши натпреварот со 15 поени.

Подобар од останатите во селекцијата на Грција беше Јанис Адетокумбо со 17 поени.

Србите за прв противник на Олимписките игри ќе го имаат Дрим-тимот на САД. Американските НБА-ѕвезди не беа импресивни ниту вечерва против Германија, иако славеа со 92-88. Повторно клучна одлука одигра Леброн Џејмс.

Германците водеа со 82-81 кога Леброн почна со сопственото шоу и со неколку акции, и во одбрана и во напад, на крајот донесе победа за САД.

Леброн Џејмс со 20 поени беше најефикасен во селекцијата на САД и воопшто на мечот, Ембид постигна 15, а Кари 13. Најефикасен кај Германија беше Вагнер со 18 поени.

- Оглас -

Најнови вести