УЕФА исклучи клуб од Конференциската лига

Украинскиот фудбалски клуб Днипро-1 е исклучен од Конференциската лига на УЕФА, иако нивното име се појави на ждрепката и требаше да играат со унгарскиот Академија Пушкаш.

На украинскиот клуб му беа доделени два службени пораза во натпреварите против Академија Пушкаш кои требаше да се одиграат на 25 јули и 1 август, па Унгарците без борба одат понатаму.

Днипро е на работ на банкрот, но не се повлече од европските клупски натпреварувања. Сепак, во составот има само тројца играчи – Рамик Гаџиев, Даниел Кивинда, Јакив Кинерејкин, кој е дел од селекцијата на Украина за Олимписките игри во Париз и не е достапен за клупските настапи.

Днипро-1, кој е основан во 2015 година, испадна од украинскиот шампионат и ги ослободи сите вработени и играчите. Во сезоната 2022-2023 играше во групната фаза на Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести